android-live-cases-skrillex-970-80

Веројатно со желба за што поголемо присуство кај помладите купувачи, Google, заедно со еден од најпопуларните диџеи на Дабстеп музика, Skrillex, лансираше паметни футроли за Nexus и Samsung телефоните со Android оперативен систем.

Дизајнот на футролите е целосно направен од Skrillex и каква што е и неговата музика и футролите се со футуристички, вонземски дизајн. Има три различни модели: Space Shield (веројатно нема да може да ве одбрани од евентуален напад на вонземјани, иако звучи така), Circuit Bae и Lil Planet (сепак потекнува од планетата Земја), а истите ќе бидат достапни за Google Nexus 5, Nexus 6, како и Samsung Galaxy S5 и Galaxy S6.

Nexus6_SKRILEX_LIVECASE-ft-582x377

Но, погоре рековме дека футролите се паметни, а тоа значи дека имаат и некоја функција повеќе освен да го заштитат телефонот и да изгледаат фенси. Така, со самото ставање на телефонот во футролата, автоматски се активира жива позадина на почетниот екран, која е всушност видео од стратосферата на нашата Земја. Самото видео е снимено од специјален балон, кој Google и Skrillex го лансирале на небото, а чие име е Нану, исто како на кучето на диџејот.

Исто така, во ноќни услови, футролата ги покажува соѕвездијата кои се видливи од местото каде се наоѓа сопственикот на паметниот телефон, дури и со податоци и за светлинското загадување во градовите. На самата футрола има и хардверско копче, кое е скратен пат до каналот на Skrillex на Youtube, но истото може да се персонализира и да се користи за други апликации, како на пример стартување на камерата или пак, уште подобро, директно отворање на нашата веб страна.

android-live-cases-skrillex-google-200-100

Сите што сакате паметна футрола од Skrillex на вашиот паметен телефон, можете да ја купите на Play Store по цена од 40 долари. За оние што не го сакаат Skrillex, пак, Google најави уште многу вакви паметни футроли, со најразлични дизајни и теми.

Извор: TechRadar, Wired

Претходна статијаApple развива нова тастатура со копчиња со повеќе нивоа на притисок
Следна статијаНаучниците успешно го имаат вратено стареењето кај човекови клетки