Годинава на CES 2017 беа претставени голем број на лаптопи со неверојатни перформанси благодарение на ефикасноста на новата Pascal архитектура на Nvidia и процесорите на Intel со неверојатно ниска потреба за струја, но одлични перформанси.

Asus ROG GX800, самото име ја дава намената на лаптопот дека е гејминг модел, а и со таа “коњажа” не изненадува со големина од 18.4” дисплеј, 4К резолуција и G-Sync технологија. Две Nvidia GTX 1080 графички поврзани во SLI за преработување на големиот број на пиксели и Intel i7-6820HK одклучен процесор (со можност за оверклок) поддржан од максимум 64GB DDR4 Рам на 2800MHz го прават GX800 “чудовиште” за игри, а и за продукција, но тоа што навистина го прави овој лаптоп посебен е станицата за конектирање со водено ладење, што овозможува доста поудобни температури за работа на графичките и процесорот.

Со лаптопот заедно следуваат ранец и куфер за пренесување на станицата за воденото ладење, лапотпот како и сите адаптери за лаптопот и станицата, а за да работи како што треба потребни му се 330w кои се пренесуваат преку два адаптери. На шасијата има доволно конектори за се што е потребно два 3.5 милиметарски од кои еден за слушалки, а вториот за микрофон, две USB 3.1 втора генерација порти (Type C), три стандардни USB 3.0 порти, една лан порта, една HDMI порта, мини DisplayPort порта и читач за SD картичка.

Цената се претпоставува дека ќе биде околу 4.700 американски долари, што не го прави достапен за секој, но со оглед на перформансите и можностите на лаптопот, не сме изненадени.

Извори: Digital Trends, GameNGuide, PCGamer

Претходна статијаApple има нов патент за флексибилен смартфон без рамка околу и OLED дисплеј
Следна статијаNokia најави претставување на нови смартфони на 26 февруари