Со почетокот на CES 2017 Intel ги претстави наследниците на Skylake процесорите (или само појачани Skylake) Kaby Lake серијата – 7ма генерација на процесори. Како и секогаш со нови процесори добиваме нови матични плочи со подобрени чипсети и повеќе нови функции.

Asus ја продолжија својата Maximus Hero серија со новата IX ROG z270 плоча, наменета за гејминг популацијата која може стабилно да ги “држи” новите процесори на висок такт од 5 GHz. Опремена со 6 sata III порти кои имаат можност за поврзување во Raid 0,1,5 и 10 и 2 М.2 порти кои поддржуваат NVME дискови. 3  PCIе x16 порти кои имаат можност за две Nvidia графички во SLI или три AMD графички карти во CrossFireX и 3 PCIe x1. Максимум од 64 гигабајти DDR4 рам мемрија со по 4 плочки на 4133 MHz.

За прв пат се воведува и USB 3.1 (Тип С) порт за преден конектор поткрепен со уште еден 3.0 порт и секако аудио конекторите кои користат нов кодекс и подобрен аудио процесор. Конектор за 3D принтер е уште една новост која ќе ја гледаме со новиот чипсет кој ги прави работите доста поедноставни. Задниот панел е исто така опремен со доста конектори како DisplayPort, HDMI, четри USB 2.0, четри усб 3.0, еден USB 3.1 тип C, еден USB 3.1 тип А, лан порта, оптичка аудио порта, 3.5 милиметарски аудио порти, како и две копчиња од кои едното за чистење на CMOSот, а другото за USB Bios Flashback.

Естетски плочата е во веќе познатите бои на Asus Rog серијата – црвена и црна со имплементирани RGB лед светилки кои софтверски можат да бидат контролирани. Цената сеуште не е позната, но според предходните модели од истата серија би требало да е околу 300 американски долари.

Извори: Play3r.net, TechPowerUp, B2G

Претходна статијаLG претстави мега тенки OLED телевизори на CES
Следна статијаСамсунг на CES 2017 ги претстави иновациите кои ќе го подобрат начинот на кој луѓето живеат, работат и се забавуваат