Amazon
Фото: Upload VR

Компанијата Amazon патентираше огледало кое ќе овозможи виртуелно пробување облека. Огледалото се потпира на технологијата која овозможува изменета реалност, односно популарната augmented reality.

Патентот предвидува огледало опремено со камера која ги следи движењата на телото, како и екран интегриран во самото огледало. На тој начин ќе можете да посетите некоја тропска дестинација и да видите како ќе изгледате во некој од виртуелните аутфити.

Од компанијата велат дека овој производ се служи со најнапредната технологија која нуди најреалистичен приказ. За таа цел се користат низа проектори кои го контролираат осветлувањето, за целата слика да делува автентично. Огледалото всушност е екран со висок контраст кој успева да создаде реалистичен впечаток кај набљудувачот. Покрај тоа што овозможува пробување на облека или шминка, дозволува комплетно менување на амбиентот.

Огледалото е наредниот чекор во еволуцијата на Echo Look кој имаше слична намена. Како што е познато Echo Look е уред кој ве фотографира во најразлична облека која ја поседувате, за подоцна да ви даде предлог како да се облечете. Нешто слично на виртуелен стилист. Ова е уште еден чекор Amazon да се вклучи во светот на модата. Претходно тие претставија и сопствена линија на облека, а развиваа и алгоритми кои би дизајнирале облека според Instagram трендовите.

Извори: VentureBeat, The Verge, PSFK

Претходна статијаСо Google Arts & Culture дознајте на кое уметничко дело личите
Следна статијаAI алгоритам на Alibaba победи човек во тест за читање и разбирање