data-image

Замислете си ја следната ситуација: ваш пријател ви вели дека сака да ви префрли неколку стотици гигабајти податоци. Вие воопшто не сте збунети туку веднаш вадите една мала црна точка со флеш меморија која има капацитет од неколку терабајти и за неколку секунди преносот е завршен. Научна фантастика? Уште само малку.

Според најновиот текст објавен во Science магазинот, од на страна 13 истражувачи од Хемиското училиште при Универзитетот од Глазгов и Ровира и Виргили Универзитетот од Шпанија, метал-кислород кластери кои можат да зачуваат електричен полнеж и да се однесуваат како РАМ меморија можат да бидат новата основа за податочни ќелии кои се користат во флеш меморијата. Таканаречените поликислометалат (POM; polyoxymetalate) молекулите можат да ја вршат улогата на мемориските ќелии на флеш меморијата. Овие истражувачи ги имаат создадено ваквите молекули користејќи волфрам (тунгстен) и потоа им додале селениум во нивните внатрешни јадра. Со ваквиот процес успеале да создадат мемориска единица која ја нарекуваат „пиши-еднаш-бриши“.

Практично, оваа мемориска единица памети дали била иницирана со електричен полнеж или не, означувајќи 1 или 0 изразено во битови, слично како што транзисторите во стандардната флеш меморија го паметат истото. За разлика од транзисторите, кои се прават од специјални полупроводници и поради тоа имаат долна граница на намалување (која се движи околу 10 нанометри), употребата на молекули како мемориски ќелии значително го намалува просторот потребен за сместување на истиот износ на меморија односно неколкукратно го зголемува капацитетот за истиот простор. Поголемата збиеност меѓу мемориските ќелии значи и дека брзината на комуникација меѓу нив ќе биде зголемена што заедно со фактот дека молекули се новите транзистори, ќе доведат до зголемување на брзината на меморијата.

Интересното е што истражувачите веќе подготвиле ваква мемориска единица за да ја докажат изведливоста. Но во исто време со истото имаат докажано дека е лесно изведливо ваквата меморија да се произведува веќе на погоните за производство на флеш меморија, што нема да предизвика огромно вложувања во нова технологија за производство туку лесно може да се премине на замена на стандардните флеш чипови со молекуларни. Ваквиот концепт на меморија не е нов. Пред некое време пишувавме за научници кои успеаа да ја искористат самата ДНК како мемориска единица.

Извор: University of Glasgow, PCWorld

Претходна статијаESA ќе испитува течни метали на меѓународната вселенска станица, можност за креирање на подобри легури
Следна статијаOne click search во Firefox ќе ви овозможи да изберете кој пребарувач да го користите во конкретното пребарување