zte-phone-adhesive-concept-840x472

Кинескиот гигант ZTE неодамна лансираше прилично интересна иницијатива да дизајнира и развие телефон со заедницата, наречена Project CSX. На крај испадна дека она што го сакаат луѓето е смартфон кој е самолеплив, односно можете да го поставите на различни видови на вертикални површини, а има и технологија за следење на очите, со кои ќе можете да го управувате телефонот.

Телефонот е веќе во завршна фаза на развој и сега остана само бирање на името на телефонот. Како и досега во проектот, заедницата ќе го има завршниот збор. Гласањето е веќе почнато, а ќе заврши на 5-ти декември. Секако, во него може да учествуваат сите, но има неколку претходно поставени рамки. Прво, името треба да биде поврзано со телефонот, да не е копија и да не загрозува авторски права или заштитни знаци.

За да има и ZTE свој дел во избирањето на името, тие ќе одберат 5 финалисти од сите предложени имиња. Потоа, заедницата ќе може да гласа за тие пет финалисти, за на крај да биде избрано финалното име за новиот модел.

Победникот, односно оној кој ќе го поднесе победничкото име ќе биде објавен на CES во Лас Вегас наредната година и ќе добие картичка за купување во вредност од 250 долари. Да, ова е малку, но идејата на овој проект не е некој да заработи од него.

Доколку и вие имате некоја кул идеја за име на самолеплив телефон кој можете да го управувате и со очите, можете да влезете во натпреварот тука.

Извор: Android Authority, Neowin, Slash Gear

Претходна статијаPinebook е Linux лаптоп кој чини само 89 долари
Следна статијаFacebook Instant Games ќе ви овозможи да играте игри преку Messenger