Tiny
Фото: KickStarter

Zanco Tiny T1 е комплетна спротивност на секој мобилен уред во изминатите 10 години. Претходната декада бевме сведоци како мобилните телефони стануваат се поголеми.

Екраните се протегаа се пошироко и стануваа се поквалитетни. Перформансите и капацитетите можат комотно да се споредат со десктоп компјутери. Меѓутоа Tiny T1 и во такви услови успева да носи титула. Тој со гордост се именува: „најмалиот мобилен телефон на светот“.

Иако на прв поглед не делува сериозно, се работи за комплетно функционален мобилен телефон. Дизајнот потсетува на мобилните од почетокот на милениумот, со нумеричка тастатура и екран на врвот. Екранот е со резолуција од само 64 со 32, по принципот на OLED технологијата.

Се разбира, димензиите носат ограничувања за овој мал „знаменосец“. Тој не вклучува дополнителни опции, настрана од основните: повици и пораки. Тој може да функционира само на мрежи со 2G брзина. Уредот користи нано-сим картички а батеријата се полни со помош на микро USB. Меморијата на телефонот може да зачува 300 контакти во својот именик, како и последните 50 повици и пораки.

Позитивните аспекти на овој уред се долговечната батерија и ниската цена. Батеријата издржува и до 3 дена во сулови на stand by или 180 минути активно користење. Цената на најмалиот мобилен телефон во светот изнесува помалку од 50 американски долари.

Извори: BGR, Kickstarter

Претходна статијаСноуден разви апликација која ја докажува ранливоста на нашите уреди
Следна статијаОне.Вип и Македонски Телеком ги исклучија Discovery и Eurosport каналите