xiaomi-mi5-8

Веќе и не е тајна дека првиот телефон со новиот Snapdragon 820 процесор ќе биде Xiaomi Mi 5, знаменосецот на една од најголемите кинески компании за производство на паметни телефони. Сега имаме и видео од уредот, како и дополнителни фотографии.

Според тоа што можеме да го видиме во видеото и на фотографиите, дизајнот нема премногу да се разликува од досегашните уреди во оваа класа на Xiaomi, но забележителен е напредок во изработката и употребата на поквалитетни материјали, како на пример рамката од алуминиум. На фотографиите, поточно компјутерските рендери, може да се види и дека телефонот ќе доаѓа во четири различни бои – црна, бела, златна и розова.

xiaomi-mi5

Mi 5 ќе биде прилично моќен паметен телефон, веројатно најмоќниот Android уред во моментот на лансирањето. За ова најзаслужен ќе биде новиот Snapdragon 820 чип на Qualcomm, кој донесува значителни подобрувања во однос на претходникот Snapdragon 810. Тука ќе биде помогнат и од 3, односно 4 GB рам меморија зависно од моделот, кои ќе бидат придружени од 32 GB, односно 64 GB простор за складирање податоци.

Дисплејот ќе има големина од 5,2 инчи и најверојатно ќе има Quad HD резолуција, но има можност Xiaomi да продолжи со вградувањето на Full HD панели во своите телефони, што реално и не е некој голем проблем – корисниците скоро и да нема да можат да ја забележат разликата во острина.

xiaomi-mi5-1

Голем напредок ќе биде постигнат и во делот на камерите – предната сега ќе има 13 мегапиксели, што значи дека Mi 5 веројатно ќе го нуди најдоброто селфи искуство во високата класа, додека задната ќе има 16 мегапиксели. Батеријата пак најверојатно ќе има 3600 mAh, што е веројатно доволно за целодневно користење, а како и секој конкурент и Mi 5 ќе има скенер за отпечатоци на прстите, за кој е најавено дека ќе биде најмал и најбрз во светот.

Xiaomi Mi 5 ќе доаѓа со вграден Android Marshmallow, но со MiUI скин, каков што имаат сите смартфони на компанијата. Официјалното претставување на Mi 5 треба да се случи во месец Јануари, 2016 година, по цена од околу 390 долари.

Извор: TechnoBuffalo, Android Authority, GSMArena

Претходна статијаКритична маса #44: Среќна Нова, херои на Скопје!
Следна статијаСледната верзија од Google Glass веројатно се појави пред FCC