headphones-girl-smartphone-2-640x0

Една од портите која се вградува во скоро сите уреди веќе три децении е 3,5 mm портата за аудио, односно за слушалки кај нашите паметни телефони. Причината е едноставна – приклучокот е стандарден и скоро сите надворешни уреди ја користат, било дали се работи за слушалки, засилувачи итн. Сепак, тоа наскоро најверојатно ќе се промени – Intel спрема револуција во овој сегмент.

Идејата е за аудио да се користи новиот USB Type-C приклучок, кој е симетричен, што значи дека е лесен за користење, но има и многу други придобивки. На пример, овој приклучок може да овозможи многу, многу повеќе проток на информации во однос на 3,5 mm приклучокот, што станува скоро морално во користењето на паметните уреди.

Благодарение на тоа, новите слушалки ќе можат да имаат и вградени сензори за температура на телото, пулс и слично, што ќе ги направи уреди кои ќе можат да го следат и здравјето на корисникот, односно многу погодни за фитнес апликации. Сепак, најголемата придобивка од сите ќе биде најверојатно звукот. Преку USB Type-C приклучокот, смартфоните можат да праќаат и непреработен, односно необоен звук, кој потоа може да биде преработен од слушалките.

nexus-6p-usb-c-ed

Денес, многу скапи аудиофилски слушалки звучат лошо кога ќе се стават на некој паметен телефон, токму поради недоволно чистиот и моќен звук кој излегува од 3,5 mm приклучокот. Исто така, USB Type-C ќе ја зголеми употребата на чист дигитален звук, без тој да има потреба да се промени во аналоген за да се пушти низ 3,5 mm приклучокот, а преку овој приклучок можат и да се напојуваат некои слушалки или излезни уреди со сопствен засилувач (актуелните работат со вградени батерии или надворешен извор на енергија).

Исто така, USB Type-C уредот може да се користи и за полнење на смартфонот, пренос на податоци, пуштање слика на надворешен монитор итн. Проблем веројатно би претставувало користењето на актуелните слушалки, но производителите сигурно ќе имаат спремно адаптери за оние кои веќе имаат инвестирано во слушалки, како и адаптери кои ќе овозможат полнење на смартфонот и користење на слушалки во исто време.

Од Intel, кој пропагира што побрзо префрлање кон оваа технологија, очекуваат компаниите да бидат бавни во префрлањето на новата технологија, но проблем би можеле да претставуваат и самите купувачи, бидејќи уредите со USB Type-C приклучок најверојатно ќе чинат повеќе. Од друга страна, Apple најверојатно во новите iPhone-и нема да има 3,5 mm приклучок, туку се ќе оди преку Lightning портата, што би можело да ги забрза работите.

Пред неколку денови, кинескиот производител LeEco инаку претстави три нови паметни телефони, сите само со USB Type-C приклучок, кој покрај функцијата за полнење на уредите и префрлање на податоци, ќе се користи и како излез за слушалки.

Извор: Engadget, NDTV, Digital Trends

Претходна статијаПродажба на смартфони: Oppo и Vivo ги надминаа Lenovo и Xiaomi, Huawei продолжува со големиот раст
Следна статијаЈапонска компанија ќе пушти во оптек „невидлив“ воз