На CES 2018 саемот којшто моментално се одржува во Лас Вегас, Sony претстави 3 нови Xperia смартфони. Двата од нив се специјално наменети за подобро селфи искуство, па сигурно ќе привлечат внимание кај голем дел од публиката, а посебно кога ќе се земе во предвид дека се работи за Sony сензори.

Xperia XA2 е смартфон којшто доаѓа со селфи камера со 8 мегапиксели. Она што ја прави посебно погодна за селфи сликите е ширината на леќата која изнесува 120 степени. Задната камера доаѓа со 23 мегапиксели и 1/2.3” Exmor RS мобилниот сензор од Sony.

Овој уред има големина на екранот од 5,2 инчи и Full HD резолуција. Се работи за уреди од средната класа, па не треба да се очекуваат карактеристиките од најдобрите модели кај конкуренцијата.

За работата на уредот ќе се погрижи Snapdragon 630 чипсетот, соодветен за класата.

На задната страна од уредот ќе биде сместен и сензорот за отпечатоци за прсти, нешто што стана веќе стандард и кај телефоните од средната класа. Батеријата на XA2 доаѓа со капацитет од 3.300 mAh.

Xperia XA2 Ultra е нешто подобриот модел во понудата, кога се работи за селфи можностите. Предната камера е двојна со што се овозможуваат подобри ефекти при сликањето. Едниот сензор е со 16 мегапиксели и оптичка стабилизација на сликата, а другиот е како кај првиот модел, односно 8 мегапиксели и супер широка 120 степена леќа.

Процесорот и на овој модел е истиот, доаѓа со поголем 6 инчен Full HD екран и нешто поголема батерија со капацитет од 3.580 mAh.

Xperia L2 е најслабиот модел во понудата којшто доаѓа со 5,5 инчен екран, но само со HD резолуција. Предната селфи камера е истата како кај првиот модел, додека задната е послаба со 13 мегапиксели.

Извор: Sony

Претходна статијаSamsung го претстави The Wall – модуларен 146 инчен телевизор со microLED технологија
Следна статијаSamsung ја проширува својата палета премиум машини за перење алишта со нов модел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.