Уште од лансирањето на првиот iPhone, односно смартфон со голем дисплеј на допир, производителите продолжија да ја зголемуваат дијагоналата на екраните – денес нормален смартфон има големина од 5 инчи, нешто што само пред 6-7 години се сметаше за таблет/смартфон. Всушност, категоријата таблет/смартфон полека исчезнува, односно денес имаме само смартфони со големи дисплеи, а во 2019 година, тие ќе бидат и најпродаваните модели на пазарот.

Ова е претпоставка на IDC, според кои моменталната ситуација е дека 40% од смартфоните се со големина на екраните од 5,5 до 7 инчи, учество кое ќе се зголеми на 59% во 2021 година (дури 91% за Android телефоните), односно уште во 2019 година ќе надмине 50%. Поточно, во 2021 ќе се продадат дури 1 милијарда смартфони со голем дисплеј, наспроти 611 милиони оваа година, што е прилично големо покачување.

Ова е и очекувано – корисниците се повеќе ги користат своите паметни телефони, односно тие скоро и веќе да не ги носиме во џеб. Затоа, голем дисплеј е од голема важност – се изгледа подобро и полесно за читање. Всушност, според истражувањето на IDC, корисниците кои имаат таблет/телефон отвораат 21% повеќе апликации од тие кои имаат смартфони со големина од 4 инчи, односно остануваат 3,5% подолго време во нив. Во превод, поголем телефон се користи повеќе, бидејќи е и покорисен.

За покачувањето на продажбата на овие смартфони во моментов најзначаен е Android оперативниот систем, каде има особено богат избор на телефони со големи екрани, но со лансирањето на iPhone X и Apple влезе во играта на таблет/смартфон уреди и благодарение на тоа, нивната популарност се очекува само да продолжи да расте. Во превод, за неколку години отсега, очекувајте телефоните со мал дисплеј да бидат особено ретки…

Извор: Business Insider, Your Story, Fast Company

Претходна статијаPayPal за прием на пари нема да има оваа година
Следна статијаOreo Go е лесна верзија на Android за послабите смартфони