Galaxy Note 8 е апсолутно еден од најимпресивните смартфони во моментов, со високи перформанси, исклучителен дисплеј и одлична камера. Тој може да се пофали и со одличен софтвер, кој сега ќе биде засилен со уште една можност – VPN сервис, кој ќе им овозможи на корисниците да сурфаат и да ги користат своите апликации без да се плашат дека ќе бидат следени отстрана.

Поточно, тука се работи за Secure Wi-Fi, сервис кој ќе работи само на Wi-Fi мрежи и кој е пред сѐ наменет за периодите кога корисникот се поврзува на јавни мрежи, како на пример во некое кафуле. Сервисот може целосно да замаскира што правите на интернет, било дали се работи за сурфање или за вашите апликации.

Недостаток на овој сервис, ако може така да се каже, е што тој дозволува сообраќај од само 250 MB месечно без да платите. Доколку сакате нон-стоп пристап приватно, ќе треба да платите 1 или 2 евра месечно, зависно од пакетот. Да, ова не е премногу, односно скоро и незабележливо, но сигурен сум дека може да им пречи на некои корисници.

И мора да напоменам дека Secure Wi-Fi не е апликација, односно таа не може да се инсталира на друг смартфон со Android, па дури и ако е Samsung. Во моментов, сервисот е директно вграден во Galaxy Note 8 (Settings -> Connections -> Wi-Fi -> Advanced) и тоа само во интернационалната верзија на телефонот – операторите од логични причини не овозможуваат нивните Note 8 изведби да имаат ваква функционалност.

Извор: Android Authority, XDA, Slash Gear

Претходна статијаКако да ја инсталирате и конфигурирате LTE антената од Неотел
Следна статијаВажни правила во сообраќајот на кои возачите често забораваат и не ги почитуваат