Корејскиот гигант Samsung дефинитивно е најголем иноватор кога се во прашање дисплеите кај преносните уреди, што е и нормално, бидејќи тие се и најголем производител на екрани за смартфони во светот. Сега тие патентираат нов вид на AMOLED дисплеј кој оди околу телото на телефонот, што е своевидна еволуција на “Edge” дисплејот кој го имаат смартфоните од високата класа на овој производител.

Засега нема некои подлабоки информации за тоа како ќе функционира овој дисплеј, но од нацртите може да се види дека тој оди околу едната рамка на телото на смартфонот. Моја претпоставка е дека задниот дел би можел да се користи за брзи информации и за нотификации, кои би трошеле помалку батерија отколку да се активира целиот дисплеј, но Samsung би можел да има и целосно други идеи.

Од друга страна, нејасно е дали овој патент воопшто некогаш ќе се реализира – Samsung веќе работи на смартфони со дисплеј кој може да се превитка и тој тип на уреди најверојатно се иднината. Поточно, поднесувањето на ваков патент е веројатно одговор на патентите на LG и Apple, кои исто така имаат поднесено за технологија со дисплеј кој оди околу телото. Во превод, Samsung секако не би сакал да плаќа на други компании за ваков патент доколку евентуално овој тип на уреди излезат на пазарот.

Извор: The Verge, Tech Radar, PC Mag

Претходна статијаMicrosoft Q# е програмски јазик за квантни компјутери
Следна статијаFirefox 59 ќе почне да ги означува сите HTTP страни како несигурни