160804_p19_samsung

Ова е нешто што веќе беше навестено неколку пати, а посебно со претставувањето на новиот Galaxy Note 7 кој нема верзија со рамен екран. Како што може да се забележи и во името на овој модел, го нема зборот Edge иако тој доаѓа со заоблен екран на рабовите.

Samsung веќе неколку години претставува модели од своите главни телефони со Edge варијанта. Ова сигурно на повеќето од вас ви е познато, односно истиот телефон доаѓа во две варијанти, обичен и телефон со заоблен екран на рабовите.

Досегашното искуство покажа дека Edge моделите се продаваат и повеќе од обичните, па од Samsung можно е во иднина да претставуваат само по еден модел, односно Edge. Ова во главно се однесува за најдобрите модели од S серијата, па не значи дека сите телефони од компанијата ќе доаѓаат со заоблен екран.

Информацијата за ова доаѓа директно од главниот на мобилната дивизија во Samsung, Dong-jin Koh. Тој исто така истакнува дека со тек на време сакаат да го развијат софтверот со цел заоблените екрани да можат да овозможат максимална функционалност за корисниците.

Внатрешно, одлучивме да ги туркаме заоблените рабови како идентитетот на нашиот Galaxy бренд ако можеме да овозможиме соодветен интерфејс и различно корисничко искуство. За таа цел, ние го подобривме дизајнот за да овозможиме подобар фат и корисност за Note 7. Сакаме да ја прошириме употребливоста на заоблените рабови, а посебно за нашите главни модели, што е можно повеќе.

Тој исто така истакна дека не се брзаат со претставување на целосно заоблен уред, како што веќе повеќе пати се шпекулира. Дополнителниот развој на технологијата, како и развојот на посебен софтвер, се истакнува како главната причина за одложувањето на времето за претставување, барем тоа кое беше неофицијално објавувано.

Извор: GSMArena, TechRadar, The Korea Times

Претходна статијаZTE ќе развива нов смартфон со помош од купувачите
Следна статијаАвтопилотот во Tesla Model X безбедно го однесе возачот во болница
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.