samsung

Се шпекулира дека корејскиот производител Samsung Electronics се подготвува новата Exynos платформа да ја базира на сопствена микро архитектура.

Како што знаете, Samsung досега користеше процесори од британскиот гигант ARM Holdings за своите мобилни уреди како што се Cortex A7, A8, A9 и A15 процесорите базирани на ARMv7 архитектурата. Грешките во дизајнот на досегашната Exynos патформа, кои придонесуваат за прекумерно ослободување на топлина, го натераа Samsung сериозно да размислува за креирање на сопствена микро архитектура.

Пред неколку години Samsung ги лиценцираше ARMv7 и ARMv8 архитектурите и оттогаш работи на развивање на сопствена микро архитектура на процесори во својот развоен центар во Austin, Texas. Развојот на новата архитектура се очекува да биде копмплетиран во почетокот на наредната година и истата да биде имплементирана во новиот flagship модел на Smartphone од компанијата.

Фокусот на новата платформа е ставен на подобрување на комуникацијата помеѓу процесорот и меморијата, осигурувајќи поголем капацитет за обработка на податоци и поголема енергетска ефикасност.

Претходна статијаИнтернет прелистувачот Internet Explorer најбезбеден
Следна статијаКако да вратите избришани фајлови од вашиот Hard Disk