160902041639-samsung-galaxy-note-7-fire-front-780x439

Најголемиот производител на паметни телефони во светот доживеа огромно фијаско со нивниот најскап уред, Galaxy Note 7, кој во прилично многу случаи почна да се самозапалува. Вистинската причина за тоа зошто телефонот се самозапалуваше и натаму не е целосно јасна, но од Samsung ветуваат дека работат на тоа и дека до крајот на годинава сите ќе дознаеме.

Според нив, тие и натаму сметаат дека проблемот е во самите батерии, но дека при истражувањето и натаму не успеале да го пронајдат вистинскиот проблем зошто се запалуваат, односно дали самите тие се причината или пак некое електрично коло во телефонот.

Samsung инаку лансираше уреди за кои тогаш се мислеше дека имаат батерии кои не се запалуваат, односно не се на SDI (одделот на Samsung за производство на батерии), но дури и новите батерии беа причина за многу самозапалувања.

Како и да е, како што сите знаеме, телефонот е веќе повлечен од пазарот и нема воопшто да се продава, а корисниците кои веќе го имаа купено можат да го вратат со целосно рефундирање на парите.

И иако првично се веруваше дека Samsung целосно ќе ја згасне “Note” линијата, сега знаеме дека наредната година сигурно ќе има Galaxy Note 8, но за тоа ќе треба да почекаме до есен 2017. Во меѓувреме Samsung ќе го претстави Galaxy S8, кој ќе донесе голем број на подобрувања и новитети, со кои ќе се обиде да ги задоволи „повредените чувства“ на купувачите.

Извор: Techno Buffalo, Firstpost, Fortune

Претходна статијаДенес и Apple го одржа нивниот настан – го претстави новиот MacBook Pro со лента на допир
Следна статијаQualcomm го купува NXP за 47 милијарди долари