Наредната година, според сите најави од луѓе упатени во бизнисот, Samsung ќе лансира нов, голем преносен уред кој ќе може да се преклопи на половина и кој ќе може да се користи и како таблет и како смартфон.

Ова е всушност и сонот на многу корисници на преносни уреди – да можат да му ги сменат димензиите зависно од сценариото (фотографијата погоре треба да е рендер од уредот, но засега јас не би ја земал како официјална), но сега дознаваме дека до овој уред ќе биде многу тешко да се дојде, односно дека тој ќе биде произведен во ограничени количини и ќе биде тешко да се дојде до него.

Ваквиот потег на Samsung е реално и очекуван, бидејќи секој уред со технологија која е голем скок во однос на актуелната, не може да се произведува во толку многу примероци. Одличен пример за ова е iPhone X, кој има само мала рамка околу OLED дисплејот, доволно за да чекаме подолго за да можеме да го купиме.

Според најавите, Samsung овој преносен уред најверојатно ќе го направи достапен само во Јужна Кореја на почетокот. Сепак, тоа е важи само за првата генерација – очекувајте Galaxy X смартфоните на Samsung, како што се очекува дека ќе се викаат, да бидат достапни на сите пазари низ светот во втората и третата генерација, исто како што беше случај со Edge серијата на производителот.

Galaxy X смартфонот инаку најверојатно ќе биде претставен во јануари на CES во Лас Вегас или во Февруари на MWC во Барселона, каде сум сигурен дека ќе биде главен хит меѓу веќе (споредено со него) генеричките смартфони со голем дисплеј и мала рамка околу него.

Извор: Trusted Reviews, Gears of Biz, Expert Reviews

Претходна статијаOnAir платформа за учење објавува 4 конкурси за онлајн курсеви во живо
Следна статијаXiaomi Redmi Note 5 ќе има супер мала рамка, двојна камера и ниска цена