Како што се ближи датата на претставување, која сега знаеме дека ќе биде некаде на крајот од идниот месец на MWC 2018, така може да очекуваме дека ќе зачестат и неофицијалните, односно таканаречени „протечени“ информации.

Кутијата во која треба да биде спакуван Galaxy S9 е прикажана на слика, поточно нејзиниот заден дел каде што се напишани карактеристиките на уредот.

Како и секогаш, немаме начин да знаеме дали се работи за вистинска слика од кутијата, па информациите ќе ги земеме со доза на недоверба.

Како и да е, она што може да се види на кутијата е и очекувано. Дополнителните карактеристики кои се надеваме дека ќе бидат дел од S9 останува да ги дознаеме на денот на неговото претставување.

На кутијата се гледа дека S9 ќе дојде со 5,8 инчен Super AMOLED екран со Quad HD+ резолуција. 4 GB RAM меморија, како и 64GB простор за складирање, скенер на рожницата, отпорност на вода и прашина, односно повеќето карактеристики кои ги имаше и ланскиот модел.

Она што е различно на кутијата е камерата. Истата иако повторно е направена со Dual Pixel 12 мегапиксели, овој пат доаѓа со променлива леќа со f1,5 и f2,4 кои ќе се користат зависно од осветленоста.

Извор: Engadget, Android Police, ARS Technica

Претходна статијаGM во 2019-та ќе претстави автономно возило без волан и педали
Следна статијаСо Google Arts & Culture дознајте на кое уметничко дело личите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.