samsung-galaxy-9

Веќе и не сме многу далеку од претставувањето на новиот Galaxy S8 – телефонот (сигурно ќе има два модели, но ќе го викаме „телефонот“) ќе донесе големи подобрувања, што и реално ќе биде потребно по дебаклот со Galaxy Note 7.

Иако неодамна за 2017 замислувавме телефон со дисплеј кој може да се витка и да се преклопи на пола, S8 нема да ги има тие можности. Сепак, тоа нема да значи дека не е напреден – дизајнот треба повторно да го раздрма светот на паметните телефони како што тоа пред две години го направи Samsung со S6-ката, додека големи подобрувања ќе има и во камерата која и во оваа генерација е веројатно најдобрата на пазарот. S8 ќе биде и веројатно првиот телефон со оптички читач за отпечатоци вграден во самиот дисплеј, а не во хардверското копче како досега.

Сепак, главните подобрувања веројатно ќе бидат во софтверот. Имено, Samsung неодамна ја купи компанијата за вештачка интелигенција Viv, која може да донесе многу од својот софтвер за вештачка интелигенција во S8-ката. Ова ќе биде асистент, сличен на Google Now, Siri и Cortana, но кој ќе биде многу понапреден.

Имено, според досегашните информации, овој софтвер може дури и да го проширува своето знаење со кодирање нов програмски код. Во превод, ова ќе биде вештачка интелигенција која ќе може вистински да учи и да се подобрува себе си. Подоцна, овој софтвер Samsung најверојатно ќе почне да го вградува и во другите паметни уреди, како паметните часовници, телевизорите, кујнските апарати итн.

Извор: Android Central, BGR, Tech Crunch

Претходна статијаЗапочна шестото издание на Стартап Викенд Скопје
Следна статијаApple веќе нема да прави свои монитори