На крајот од овој месец, на MWC саемот во Барселона, LG ќе го претстави својот нов знаменосец. Како и досега, ние веќе ги знаеме скоро сите информации, а имаме и протечени фотографии на кои може многу добро да се види како ќе изгледа новиот модел од “G” серијата.

Она што го знаевме досега е само потврдено со овие фотографии – напред ќе има дисплеј со сооднос на страните од 2:1, што значи дека тој ќе биде повисок и потесен од стандардните 16:9 дисплеи. Рамката околу него ќе биде минимална, а тој ќе има агли кои ќе бидат делумно заоблени. Заоблени ќе бидат и аглите на самиот смартфон, што создава една флуидна целина.

Поради малата рамка, напред нема да има капацитивни копчиња за навигација, туку LG како и досега ќе ги користи виртуелните во Android. Ова е и очекувано, особено што дисплејот ќе биде повисок од вообичаеното и ќе има доволно место за виртуелни копчиња за навигација.

Протечените фотографии потврдуваат и дека задната камера ќе биде всушност двојна и дека под неа ќе има читач за отпечатоци на прстот. За среќа на многу корисници, G6 ќе го задржи 3,5 mm излезот за слушалки, а полнењето ќе се врши преку USB Type-C приклучок. Изработката пак ќе биде од алуминиум, но со различен финиш од тој на G5.

Спецификациите ќе бидат „мало разочарување“, бидејќи G6 веројатно нема да доаѓа со Snapdragon 835 процесорот, кој се уште не е подготвен за пазарот, туку со малку постариот Snapdragon 821. Јас не би бил претерано загрижен за ова, бидејќи процесорот не го прави некој смартфон подобар или полош.

Извор: GSM Arena, The Next Web, Techno Buffalo

Претходна статијаIntel има патент за заоблен „2 во 1“ таблет/лаптоп
Следна статијаYoga A12 е нов поевтин „2 во 1“уред на Lenovo со виртуелна тастатура