project-ara-5

По најавите минатата недела дека почетокот на тестирањето на Project Ara нема да се одржи во Порторико како што требаше, оваа недела тимот излезе со нешто повеќе информации.

Поточно, по најавените калкулации, почетокот на официјалното тестирање се одложува за идната година, без поконкретна информација за кој период од годината би можело тоа да се очекува.

Од ова може да се види дека развојот на овој навистина интересен и револуционерен концепт не иде баш според планираното. Не е познато кои се проблемите кои што се имаат појавено, односно дали влијае реструктуирањето на Google и претставувањето на Alphabet, дали можеби влијаат други проекти или се работи за тотално трета причина.

Можеби пазарот едноставно се’ уште не е спремен за еден уред кој што целосно ќе го промени начинот на кој што корисниците купуваат и менуваат мобилни телефони. Доколку Project Ara биде масовно прифатен од корисниците, тоа ќе значи големи промени кај повеќето производители, а Google е индиректно поврзан со нив.

Информацијата за одложувањето до идната година е пуштена преку официјалниот Project Ara Twitter профил.

Извор: Android Central, Engadget

Претходна статијаБидете потсетени во близина на вашиот дом со новата функционалност на MarkO
Следна статијаIntel го пушти како слободен софтвер зборовниот програм на Стивен Хокинг
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.