Неколку месеци пред официјалното претставување на новиот знаменосец на Samsung, кој ќе има особено сериозна задача да го спречи налетот на iPhone X, познати ни се веројатно најважните детали за вградениот процесор и камерата, кои ќе донесат прилично голем скок за Galaxy S9 во однос на неговиот претходник.

Особено интересна е камерата, која ќе има нов сензор со 24 мегапиксели и ISOCELL технологијата на Samsung. Оваа технологија ќе овозможи сензорот да продуцира фотографии со квалитет на сензор со помалку мегапиксели (поголеми пиксели, помалку шум), но во исто време да продуцира фотографии со многу повисока резолуција и повеќе детали. Бидејќи сензорот ќе биде многу тенок, може да се очекува и камерата да не биде воопшто испакната од телото, што секако е добредојдено.

Процесорот во Galaxy S9 кој ќе се продава на нашиот пазар пак ќе биде целосно новиот Exynos 9810 на Samsung, кој ќе има трета генерација на процесорски јадра на Samsung, подобрена графика и модел со LTE поддршка за 1 гигабит и 6CA поддршка. На американскиот пазар пак моделот ќе биде опремен со Snapdragon 845 процесорот, кој ќе биде знаменосецот на Qualcomm и кој ќе се вградува во уште неколку модели од високата класа од наредната година.

Единствено засега не е познато дали новиот модул за камерата ќе биде впарен со уште една камера, како што е модата во високата класа на смартфони или пак подобрувањата кои ги носи двојната камера Samsung ќе ги постигне со софтвер со машинско учење, слично како што прави Google со своите Pixel смартфони. Како и да е, сигурен сум дека ќе дознаеме и пред да биде официјално претставен овој смартфон во февруари наредната година.

Извор: TechnoBuffalo, Daily Star, BGR

Претходна статијаGoogle го подобрува врзувањето на фотографиите во Street View
Следна статијаSkype Lite – поедноставна верзија за тие што не им се допаѓа новиот Skype