950-950xl

Излегоа и првите рендери од новите знаменосци на Windows 10 Mobile оперативниот систем, кои според оние што ги виделе телефоните, верно го репрезентираат надворешниот дизајн. На рендерите можеме да видиме дека Microsoft не донесува нешто револуционерно во дизајнот, односно се следи јазикот кој го наметнаа моделите како Lumia 640, но вистинските иновации се наоѓаат внатре.

Веќе неколку пати известивме дека двата телефони ќе бидат со големина од 5,2 односно 5,7 инчи и резолуција на екраните од 2560х1440 пиксели. Помалиот, Lumia 950 (црниот на фотографијата) ќе доаѓа со Snapdragon 808 процесор, додека 950 XL (синиот на фотографијата) со Snapdragon 810. И двата ќе имаат 3 GB рам меморија и 32 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка.

win10talkman-100610565-large

Камерите ќе бидат 20 мегапиксели “Pureview” задна и 5 мегапиксели предна, додека батериите ќе имаат капацитет од 3000, односно 3300 mAh. Новите Лумии ќе имаат и вградено безжично полнење, додека наместо micro USB, сега ќе се користи USB Type-C приклучокот, кој е симетричен, што значи дека нема да може да згрешите во поврзувањето, а дозволува и многу поголеми брзини на трансфер.

win10cityman-100610566-large

Она што ќе ги оддели од конкуренцијата е скенерот за ирисот на окото, кој ќе работи заедно со Windows Hello и со кој телефонот ќе може да го отклучите само со гледање во него. Системот, на првите тестови ветува и високо ниво на заштита – ниту идентични близнаци не успеале да го пробијат.

Покрај рендерите од телефоните, имаме и прва фотографија од уредот со кој ќе можат да се поврзат со компјутер, преку Continuum функцијата. На овој начин, корисникот ќе може да го користи својот телефон и како компјутер, со целосно десктоп опкружување, како стандардниот Windows 10.

citymancontinuum-100610567-large

Извор: PC World, The Verge

Претходна статијаApple го закажа својот iPhone настан за 9-ти септември, ќе може да се гледа и од Windows 10
Следна статијаObi Worldphone е нов производител на паметни телефони, од поранешен директор на Apple