После објавувањето на првото видео од iPhone X (настрана од оние кои ни ги покажува Apple) од една девојка (Брук Амелиа Питерсон) чиј татко е инженер во компанијата, сите го очекувавме наредниот чекор од Apple, кои се одлучија да го отпуштат инженерот. Ова е нормална работа, особено што при потпишувањето на договор за работа, работниците во Apple се обврзуваат на чување тајни за новите производи, се додека компанијата не дозволи нивно објавување во јавноста.

А снимање видео со телефонот во кампусот на Apple, пред тој воопшто да дојде до рацете на корисниците секако спаѓа во една од недозволените работи и на Apple не му остана ништо друго освен да го отпушти инженерот. Да, многумина од вас ќе речат дека на видеото не се покажува ништо што досега не го знаевме, иако има неколку QR кодови на вработени во Apple, но како и да е, според Apple ова се сензитивни информации и нивно објавување во јавноста е недозволено, особено што снимката е направена во нивните простории.

Од друга страна, реакцијата на ќерката на инженерот е проследена со солзи, што и беше очекувано, но според информациите, таткото на Брук Амелиа Питерсон веројатно нема да има особено голем проблем за наоѓање на друго работно место, бидејќи сепак се работи за човек кој четири години работел во Apple на висока технологија, која вклучува дизајн на струјното коло за безжични комуникации. Нормално, во иднина ќе мора да биде попретпазлив на новото работно место.

Извор: The Verge, Recode, Gizmodo

Претходна статијаSamsung се „потсмева“ на дисплејот на Pixel 2 XL?
Следна статијаИнтервју со Вања Јосифовски – CTO во Pinterest и говорник на Macedonia2025 Summit