Oppo-folding-phone-970-80-640x360

Иако очекувањата се дека Samsung или LG ќе го претстават првиот паметен телефон во светот кој ќе може да се витка, Кинезите најверојатно ќе ги престигнат гигантите од Кореја. Имено, Oppo прикажа концепт од паметен телефон кој се преклопува на половина, како мобилните телефони од пред 10-тина години и тоа заедно со дисплејот.

Концептот е прилично недопадлив и делува дебело и незграпно, веројатно поради големината на дисплејот од дури 7 инчи. Но идејата зад овој модел не е да биде убаво дизајниран, туку да ги покаже можностите на еден ваков паметен телефон. Имено, овој модел ќе има само една точка на преклопување, на самата половина, што значи дека главна намена на преклопот ќе биде да го направи уредот помал за да може полесно да се смести во џеб, нешто што и не е баш возможно со 7 инчен уред.

Според фотографиите, уредот има и вградена батерија, која лична претпоставка е дека ќе биде на едната половина од уредот, додека матичната плоча веројатно ќе биде поставена на другата половина од уредот. Освен ако Oppo нема измислено батерии и матични кои може да се виткаат, што е многу тешко веројатно. Дисплејот пак е најверојатно OLED – IPS LCD дисплеите не може да се виткаат.

Овој прототип на Oppo не значи дека телефонот за брзо време ќе го видиме на пазарот – производителите често прикажуваат вакви концепти со цел да го опипаат пулсот кај јавноста. Сепак, размножувањето на ваквите концепти е дефинитивен доказ дека паметните телефони кои ќе може да се преклопат се дефинитивно зад аголот и е само прашање на време кога ќе биде претставен првиот ваков уред.

Оваа технологија, покрај паметните телефони, би била идеална и за таблетите – замислете 8 инчен таблет кој ќе може да го преклопите и да го носите како паметен телефон во џебот.

Извор: Ubergizmo, Android Headlines, PhoneArena

Претходна статијаДали нашите тела ќе го поднесуваат Hyperloop
Следна статијаGigabyte го претстави најмоќниот гејмерски ултрабук лаптоп