nexus-7-2013

Својата позната Nexus серија на паметни телефони, Google ја прошири со претставување и на таблет компјутери во последните две години. Nexus 7 и Nexus 7 2013 направија одличен успех на пазарот и ја постигнаа целта на Google да го зголемат бројот на корисници на Android таблет компјутери, дел од пазарот кој што беше доминиран од страна на iPad на Apple. Најзаслужни за успехот на Nexus уредите, покрај Google брендот на нив е и прилично ниската цена во споредба со конкуренцијата и одличниот хардвер кој што секако спаѓа во повисоката класа.

Nexus таблет компјутерите, исто како и со паметните телефони, се направени во соработка со некоја од компаниите производители, во случајот Asus. Според информациите до кои што имаат дојдено од DigiTimes, Google и оваа година планира да претстави таблет од Nexus серијата, но со одредени промени. Оваа година Nexus таблетот треба да има нов дизајн, како и поголем 8 инчен екран и наместо од Asus, ќе биде направен од страна на HTC. Информациите се неофицијални, па немаме претстава за нивото на нивната точност. Исто така според нив Nexus 8 ќе биде претставен некаде во третиот квартал од оваа година, па најверојатно нема да дознаеме на Google I/O конференцијата која што ќе се одржи во Јуни.

Според информациите од истата страна, Google ја има постигнато својата цел за зголемување на популарноста на Android таблет компјутерите, па можно е годинешниот уред да биде и последниот направен со брендот од оваа компанија, а развојот на пазарот да биде оставен на производителите кои што веќе имаат поголем број на свои модели.

Извор: DigiTimes, Engadget

Претходна статијаНадграден Viber за iOS 7, редизајниран во согласност со оперативниот систем
Следна статијаОфицијално претставување на OnePlus One
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.