gsmarena_003

Новиот се’ уште не претставен телефон на Меizu, m5 Note во последните неколку недели е главна тема на озборувања откатко на интернет се појавија неофицијални слики на кои што може да се види како би изгледал смартфонот. Meizu m5 Note исто така беше забележан и на повеќето вебсајтови за проверка на перформанси на смартфони како Geekbench и Antutu benchmark.

Вредната компанија работи на голем број на телефони кои свое претставување треба да доживеат до крајот на оваа година. Во почетокот гласините предвидуваа појавување на m5 Note на крајот од ноември поточно 30 ноември, заедно со новиот Meizu X, но Kинеската компанијата ги реши сите мистерии на својата официјална веб страна. Oбјавувајќи тизер со слика и датум со кој ги поканува сите смартфон зависници на претставувањето на својот нов смартфон на 6 декември.

gsmarena_001

Tелефонот ќе доаѓа со Андроид 6.0 Marshmallow и ќе биде придвижуван од Mediatek MT6755 Helio P10 чипсет составен од Cortex-A53 осум-јадрен процесор и Mali T860MP2 графичка. Кога станува збор за меморијата според неофицијални информации од ТENAA ќе доаѓа во три верзии и тоа 2 GB рам/16 GB ром, 3 GB рам/32 GB ром, 4GB рам/64 GB ром, плус можност за проширување на внатрешната меморија со micro SD. Голем 5,5 инчи дисплеј со full HD резолуција под кој ќе биде сместен fingerprint скенер, примарна камера од 13 мегапиксела со f/2.2 апаратура и секундарна селфи камера од 5 мегапиксели. Батерија од 4.000 mAh ќе биде полнета преку усб тип-C конектор.

Од Meizu исто така известуваат дека во последниот период успеале да произведаат над 20 милиони парчина од популарниот m3 Note чиешто производство ќе биде прекинато на денот на претставувањето на новиот m5 Note.

Извори: GSMArena (1), GSMArena (2), GSMArena (3), PhoneArena

Претходна статијаThe Machine е компјутер на HP кој користи рам меморија како медиум за складирање податоци
Следна статијаNetflix овозможи симнување на содржина за гледање без интернет конекција