2015-09-30

Поради која и да е причина, Microsoft предвреме ги објави новите Lumia 950 и 950 XL модели на својата онлајн продавница во Британија и со тоа ги потврди досегашните неофицијални информации.

Овие телефони треба да бидат претставени за нешто помалку од една недела, поточно на закажаниот настан за Windows 10 уреди кој што ќе се одржи идниот вторник на 6-ти октомври во Њујорк.

Телефоните се само прикажани во листата со други модели, а притискањето на нив не води до по деталната страна на која што треба да се видат карактеристиките. Сепак, од оваа страна можат да се извадат неколку информации.

Како прво, новите Lumia модели ќе ги носат имињата, односно бројките 950 и 950 XL, нешто што често беше предмет на шпекулации.

lumia-950-store

Исто така, може до некаде да се види изгледот на уредите, па останува само да прочитаме за материјалот од кој што се изработени и компонентите кои што ќе бидат вклучени.

Од карактеристиките може да се види дека уредите ќе доаѓаат со 5,7 за главниот и 5,2 инчни за помалиот модел екрани. Оваа големина е во рамките на тоа што пазарот го покажа како идеална големина, а исто така достапни се два модели за корисниците да можат да изберат, доколку не сакаат да ја користат поголемата верзија.

Камерите на двата уреди ќе бидат со 20 мегапиксели и ZEISS оптика, а се разбира ќе работат на Windows 10 оперативниот систем, прилагоден за мобилните уреди.

Она што е интересно е поддршката за дополнување на просторот за складирање од 32 GB со microSD картичка до 2 TB за SDXC стандардот.

Потврдувањето на неофицијалните информации сигурно е добредојдено за фановите на Lumia уредите, а до настанот има уште многу малку време, па ќе можат да се видат сите детали околу нив.

Извор: Windows Central, Microsoft Store

Претходна статијаОтворен е нов веб-сервис за промоција на македонскиот туризам
Следна статијаЕдвард Сноуден отвори Twitter профил – Следи само еден профил
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.