Иако кога беше лансиран делуваше импресивно, знаменосецот на LG за оваа година брзо потоа беше ставен во сенка на извонредните Galaxy S8 и S8+. Сепак, помалиот корејски производител не престанува со освежување на својата гама и сега лансира подобрена верзија од G6, која има додавка “+” и која донесува неколку подобрувања кои веројатно требаше да ги има уште во старт.

Прво, овој модел ќе има безжично полнење, кое досега беше достапно само за моделите кои се продаваа во Јужна Кореја. Бидејќи телефонот има заден дел изработен од стакло, чудно е зошто LG не ја вклучи оваа технологија уште во старт. Исто така, “+” моделот ќе има и 128 GB простор за податоци, нормално со можност за проширување преку micro SD картичка, а LG со овој модел ќе подари и одлични Bang&Olufsen слушалки, во потег кој е сличен на оној кој Samsung го направи со AKG слушалките, но со вграден подобар аудио засилувач.

Покрај овие мали подобрувања, LG G6+ е идентичен модел на G6 – надворешниот дизајн е целосно непроменет, процесорот и натаму е (застарениот) Snapdragon 821 со 4 GB рам, додека назад има две камери, едната нормална и другата супер широка. Дисплејот исто така има иста големина од 5,7 инчи со 18:9 сооднос на страните и исклучително мала рамка околу него. Како и претходно и сега телефонот е IP68 отпорен на вода и прашина.

Извор: TechnoBuffalo, Droid Life, GSMArena

Претходна статијаВидео серијал Samsung Galaxy S8+: Видео од телефонот
Следна статијаCorning покажа како Gorilla Glass може да се искористи за изработка на цел ентериер на автомобилите