Паметните телефони веќе подолго време важат за прилично доверливи уреди – најголемиот дел од корисниците ги користат и повеќе од 2-3 години, колку што се смета дека е нивниот реален рок на траење. Сепак, минатата година Samsung доживеа фијаско со Note 7 и проблемите со батеријата, а LG пак имаше проблем со бесконечно рестартирање не голем дел од нивните модели. Затоа, тие ветија дека еден од главните адути на новиот G6 ќе биде токму доверливоста.

Покрај тоа што доверливост во овој случај значи дека купувачите ќе бидат сигурни дека LG посветил внимание на батеријата, со цел таа да не експлодира и на софтверот, со цел да не се рестартира, Корејците најавија и неколку други работи. Имено, во една од рекламите има девојка која кажува дека не сака да плаќа за скршен дисплеј или пак за што друго било.

Ова најверојатно значи дека LG ќе ги заменува скршените дисплеи и останати компоненти на корисникот без да има потреба тој/таа да доплатат. Вакво нешто има HTC, кој кај својот модел “10” ги заменува скршените дисплеи на корисниците без доплата, но само еднаш. Интересно, во рекламата на LG пишува “keep paying” што најавува дури и менување од неколку пати. Искрено, едвај чекам да видам како LG ќе го изведе тоа.

LG G6 инаку ќе биде првиот поголем знаменосец годинава. Ќе биде претставен на MWC во Барселона и ќе има неколку карактеристики кои ќе го дистанцираат од конкурентите, како потесен и повисок дисплеј со резолуција од 2880х1440 пиксели и многу мала рамка и 32 битен аудио засилувач за Hi-Fi слушање музика преку слушалките, а во многу елементи ќе ги следи најдобрите – ќе има двојна камера назад и водоотпорност. Сепак, според најавите G6 ќе доаѓа со Snapdragon 821 процесор, што за многу купувачи може да биде разочарување.

Извор: Android Central, GSM Arena, 9 to 5 Google

Претходна статијаBMW очекува значаен напредок на нивните батерии до 2026 година
Следна статијаНов Nokia 3310 ќе биде претставен на MWC во Барселона