Jolla-C-hed-796x398

Многумина од вас веројатно не знаат, но на мобилната сцена, покрај трите големи играчи – iOS, Android и Windows Mobile, има уште еден еко систем од Финска – Sailfish OS на фирмата Jolla. Финците го лансираа својот нов паметен телефон со овој оперативен систем, кој целосно се распродаде, но нека не ве залажува тој факт – уредот беше произведен во само 1.000 примероци.

Идејата зад Sailfish OS оперативниот систем е да се понуди иновативно корисничко искуство, со повеќе команди со лизгање на прстот, но истиот помина скоро незабележано ѝ покрај големите најави на Jolla. За ова, покрај инертноста на купувачите, кои многу е тешко да се убедат на ново корисничко искуство, крив беше и самиот производител кој првиот уред (таблет) беше неколку пати одложен.

Jolla-C

Новиот телефон на Jolla за кого ќе пишуваме денес не носи ништо ново на сцената. Се работи за уред од ниската класа, со 5 инчен дисплеј со HD резолуција, Snapdragon 212 процесор со четири јадра на 1,3 GHz, 2 GB рам меморија и 16 GB простор со можност за проширување преку micro SD. Камерата позади има 8 мегапиксели, додека батеријата има капацитет од 2.500 mAh.

Според тоа, идејата зад овој телефон не е да ја запали јавноста, туку да им го овозможи најновото Sailfish OS искуство на хардкор фановите на овој оперативен систем, кои според тоа дека се произведени само 1.000 телефони, се веројатно многу малку на број. Каде ќе се насочи Jolla после овој мал дебакл е тешко да се претпостави, но би било добро некои од нивните идеи да може да се имплементираат во некој Android телефон.

Извор: The Next Web, The Verge, TechCrunch

Претходна статијаНаучниците создаваат човечко-животински ембриони
Следна статијаДомејнот .game достапен за купување