iphone-6s-2

Android конкуренцијата одамна премина кон процесори со осум јадра и 4 GB рам меморија, но и покрај тоа што на хартија изгледаат како послаби, новите iPhone-и буквално ја уништија конкуренцијата на новите бенчмарк мерења!

Новите два iPhone-и, 6S и 6S Plus, доаѓаат со целосно новиот Apple A9 процесор, базиран на ARM архитектурата и изработен од транзистори со големина од 16 nm. Чипот има само две јадра, што на хартија звучи како малку, но да бидеме реални – Android телефоните и така не ги користат сите јадра. И далеку од тоа! Како пример ќе ги земеме компјутерските чипови – Core i5-ките наменети за лаптопите имаат само две јадра (плус две виртуелни) и на никој не му фалат повеќе, нели? А се работи за чипови наменети за целосен компјутер (споредени токму со iPhone 6S на табелата)…

iphone-6s-graphics

Благодарение на оптимизираноста на хардверот со софтверот, iPhone 6S работи одлично и со „само“ 2 GB рам меморија. Исто така, графиката вградена во новиот чип се покажува како многу, многу подобра од таа на конкурентите со Snapdragon 810 и Exynos 7420, па очекувајте новите 3D игри да работат најдобро токму на iPhone 6S и 6S Plus. Единствен недостаток, барем од она што можеме да го видиме на резултатите е траењето на батеријата, кое е послабо од многу конкуренти, меѓу кои и претходните iPhone-и.

battery-life-iphone-6s-plus

Секако, овие резултати на новиот iPhone на бенчмарк мерењата се против чипови на конкурентите кои се веќе една година стари и можеме да очекуваме дека ќе бидат надминати со излегувањето на Snapdragon 820 (кој ќе се врати на четири јадра) и новиот Exynos чип на Samsung. Едно е сигурно – Apple ја фрли ракавицата во рингот.

iphone-6s-plus-benchmark

Извор: BGR

Претходна статијаAndroid 6.0 достапен за постарите Nexus уреди од следната недела
Следна статијаGoogle го претстави редизајнираниот и побрз Chromecast