Honor-5C-front-and-back

Honor серијата на Huawei е позната по тоа што нуди исклучително добар сооднос на вложено – добиено и новиот 5C не е исклучок. Се работи за паметен телефон кој со цената влегува во ниската класа, а има перформанси и карактеристики на средната класа.

Honor 5C има 5,2 инчен IPS LCD дисплеј со Full HD резолуција, што е исклучително солидно за овој сегмент. Во внатрешноста се вградува процесорот кој го произведува Huawei, Kirin 650. Овој чип има осум Cortex-A53 јадра, од кои четири работат на 2.0 GHz, а четири на 1.7 GHz. Помогнат е од 2 GB рам меморија а има и 16 GB простор, кој може да се прошири преку micro SD картичка.

Honor-5C-colors

Камерите се исто така одлични – задната има 13 мегапиксели и f2.0 бленда, додека предната има 8 мегапиксели и исто така f2.0 бленда. Батеријата има капацитет од 3.000 mAh, што е многу солидно со оглед на големината на дисплејот и веројатно доволно за цел ден користење, која се полни преку micro USB приклучок (не преку новиот USB Type-C).

Huawei Honor 5C ќе доаѓа со вграден Android Marshmallow, со EMUI 4,1 скин од Huawei. Цената во Кина изнесува 140 долари за dual SIM моделот со 3G конекција, односно 155 долари за dual SIM моделот со 4G конекција. Според искуството со претходните Honor модели и овој би требало да го видиме и на нашиот пазар.

gsmarena_005

Извор: GSM Arena, Android Authority, NDTV

Претходна статијаЈапонска компанија ќе пушти во оптек „невидлив“ воз
Следна статијаIntel го прекинува развојот на Atom чипови за паметните телефони