Screenshot 2015-02-28 18.45.35

Најновиот главен модел на HTC, кој што најверојатно ќе биде наречен One M9, треба да биде претставен утре пред почетокот на MWC 2015 кој што се одржува во Барселона од 2-ри до 5-ти Март.

Можеби после толку време на протекување на информации за производите кои што се држат во тајност, станува до некаде досадно, па се надеваме дека трендот ќе почне да се менува во блиска иднина.

Како и да е, денеска на интернет може да се види видео во кое што е претставен HTC One M9 телефонот. Од него може да се види дека тој ќе го има истиот дизајн како неговите претходници, со минимални промени.

Разликата доаѓа во различната боја на рамката на телефонот кој што е целосно направен од метал. Исто така, променета е позицијата на копчето за вклучување на уредот, односно тоа сега е нешто повеќе накај средината.

Повеќе околу дизајнот на телефонот можете да видите во видеото во продолжение.

Претходна статијаFacebook вработени можат да пристапат до вашите сметки без потреба од лозинка
Следна статијаНедела во знакот на MWC 2015
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.