Досега, сите протечени информации за Galaxy S9 алудираа на тоа дека Samsung ќе го претстави својот нов знаменосец во некаква форма на CES во Лас Вегас во јануари, но секој кој барем малку повеќе ги следи работите на смартфон сцената, знае дека тоа е невозможно, од едноставна причина што деловите за телефонот, како на пример Snapdragon 845 процесорот, сѐ уште нема да бидат спремни.

Да, Samsung можеби веќе ќе го има произведено својот Exynos чип, но телефонот сигурно нема да биде „половично“ претставен. Всушност, ако веќе Samsung нешто претставува на CES, тоа по мене би било најмногу некоја затскриена фотографија, која покажува само детали од телефонот, но не и сите информации и можности. Едноставно, предолго ќе биде времето на чекање од CES до почетокот на продажбата во март за Samsung да го направи тоа.

Но, не го земајте мојот збор здраво за готово, земете го оној на Samsung. Човек од компанијата најави за The Korea Herald, дека Galaxy S9 е многу малку веројатно да биде претставен на CES во Лас Вегас. Секако, ова не значи дека ние ќе престанеме за „шпекулираме“ – протекувачите на информации само што почнаа да се загреваат, што значи дека во наредниве неколку недели може да очекуваме да знаеме околу 90% од информациите за S9-ката, па дури и да имаме по некоја фотографија.

Извор: The Verge, NDTV, GSM Arena

Претходна статија3D печатени делови можат да се поврзат на Wi-Fi мрежа без потреба од батерија
Следна статијаWindows 7 надградбите престанале да работат за некои корисници, но решението за проблемот е лесно