Една работа која стана масовно достапна и користена од корисниците преку мобилните телефони е камерата. Секој во денешно време е „фотограф“ или „режисер“, па не е ни чудо што камерата е една од главните карактеристики кои се зимаат во предвид при купување на еден телефон.

Како што би се очекувало, најскапите модели ги имаат и најдобрите камери, со сите можни функционалности кои можете да ги замислите. Оптичката стабилизација на сликата е можеби една од најважните со оглед на фактот што снимањето од мобилните се прави без дополнителна опрема, односно целосно аматерски.

Оптичката стабилизација на сликата овозможува да се добие видео кое ќе може без проблем да се гледа, без разлика од условите во кое е снимано, односно во овој случај во движење.

Еван Роџерс од Engadget реши да направи тест на камерите кај моментално едни од најдобрите смартфони достапни на пазарот и да види кој од нив има најдобра стабилизација на сликата.

Иако еден ваков тест не може да се смета за 100% меродавен, сепак, ќе го пренесеме неговиот заклучок. Најдобар смартфон кога е во прашање снимањето во ситуации кога има доста вибрации и движење е Galaxy Note 8 на Samsung.

Споредбата во тестот е направена помеѓу Note 8, Pixel 2, iPhone X и Mate 10 Pro. Во продолжение е краткото видео, па и самите можете да ја видите очигледната разлика.

Извор: 9to5Google, Android Police

Претходна статијаНаследникот на Huawei P10 ќе се вика P20 и ќе биде претставен на почетокот од 2018?
Следна статијаНовиот AI асистент на Google звучи неверојатно реално
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.