Samsung-Galaxy-Note5-Schema-06

Благодарение на неофицијално објавен дизајн на футрола за новиот таблет – телефон на Samsung, ги имаме првите рендери кои го најавуваат дизајнот, кој треба да биде голем напредок во однос на актуелниот модел.

Конечно, наместо лажната кожа на задниот поклопец, телото ќе биде изработено од метал (најверојатно алуминиум) и стакло, многу слично на Galaxy S6 и S6 Edge. Ова значи и дека батеријата веќе нема да може да се отстрани, но со капацитет од 4100 mAh, веројатно и нема да има потреба од тоа.

Samsung-Galaxy-Note5-Schema-07

Промени ќе има и во самата поставеност на некои од елементите. Блицот за камерата сега е поставен десно од леќата, наместо под неа, додека звучникот од назад е преместен во долниот дел, што треба да придонесе за поголема гласност кога телефонот е поставен на маса.

Останатите линии ќе го следат дизајнот на Note 4, но се очекува рамката околу екранот да биде многу помала. Дисплејот ќе има големина од 5,98 инчи и тоа ќе биде навистина потребно за намалување на димензиите и полесно работење на телефонот со една рака.

Samsung-Galaxy-Note5-Croquis-04

Како и кај актуелниот модел и Note 5 ќе има физичко “Home” копче, кое нормално ќе вклучува и читач на отпечатоци за прсти, а до него ќе бидат поставени “Back” и “Multitasking” копчето. Ова го прави Note 5 веројатно последниот таблет – телефон со надворешно поставени копчиња, наместо софтверските во Android.

Да потсетиме, Note 5 ќе доаѓа со вграден Exynos 7422 процесор, кој треба да биде најмоќен на пазарот, како и со USB Type-C влез за полнење. Официјалното претставување се очекува да биде во Септември, многу близу до претставувањето на новите iPhone-и на Apple.

Извор: Techno Buffalo

Претходна статијаЗа прв пат демонстрирано создавање зборови директно од мозочните бранови
Следна статијаРуските научници работат на батерија која може да работи 50 години