Galaxy-A9-Pro-635x455

Кинезите се буквално спобудалени по огромни смартфони – таму дисплеј со 6 инчи стана дури и норма. Затоа, најголемиот производител на паметни телефони во светот спреми специјален модел за кинескиот пазар, кој е подобрена изведба на Galaxy A9, модел наменет за останатите пазари во светот.

Samsung Galaxy A9 Pro има 6 инчен Super AMOLED дисплеј со Full HD резолуција, која е веројатно прилично растегната на оваа големина и пиксели дефинитивно ќе може да се видат, но ова сепак не е уред од највисоката класа – QHD дисплеите се резервирани за Galaxy S серијата.

Во внатрешноста е вграден новиот Snapdragon 652 процесор, кој би требал да понуди солидни перформанси, помогнат од 4 GB рам меморија и 32 GB простор, со слот за micro SD. Камерата е истата од Galaxy S6 со 16 мегапиксели, додека предната има 8 мегапиксели.

Screenshot_3

Најимпресивен податок е сепак големината на батеријата, која има капацитет од огромни 5.000 mAh, сигурно доволно за два дена користење, особено поради одличната оптимизација во Android Marshmallow 6.0.1, кој ќе се вградува во овој паметен телефон. Телефонот поддржува и брзо полнење, што значи дека не би требало да се чека предолго за да се наполни големата батерија.

Како и скоро секој уред за кинескиот пазар и овој ќе има слот за две SIM картички, додека предното копче ќе вклучува читач за отпечатоци на прстите – веќе норма во поскапите Android смартфони.

Цената на Galaxy A9 Pro во Кина ќе изнесува околу 540 долари, што е доста поевтино од Galaxy Note 5 на пример. За оние од Вас на кои им се допаѓа идејата а 6 инчен паметен телефон, мало разочарување – овој уред најверојатно нема да може да се купи на нашиот пазар.

Извор: AndroidAuthority, GSMArena, PhoneArena

Претходна статијаWindows 10 добива вградена поддршка за Bash и слични Linux програми
Следна статијаАвтономните возила нема да имаат потреба од семафори