Coolpad-final-logo-RGB (2)

Со влезот на германскиот и швајцарскиот пазар, кинескиот производител, Coolpad, го најавува присуството на сите европски држави и претстави два нови модела на телефони, Porto S и Torino S

Минхен, 28-ми јануари 2015 – Coolpad, еден од десетте водечки кинески производители на паметни телефони, официјално го објави присуството на западноевропскиот пазар, со влез на германскиот и швајцарскиот пазар. Со оваа официјална објава, Coolpad јасно ги претстави плановите за Европа, со оглед на тоа дека продажбата на пазарите на Централна и Источна Европа успешно почнаа во третиот квартал од 2015.

Во склад со високите стандарди на комуникација во Европа и навиките на потрошувачите, Coolpad го претстави и своето ново лого, потполно нова визуелизација на брендот со модерен и свеж дизајн, со што изгледот на брендот на глобално ниво говори сам за себе.

Добро сме запознаени со европските пазари бидејќи во Европа сме присутни со години како ODM производител, за големи европски телекомуникациски оператори. Минатите години имавме навистина силни позиции во Кина, бевме првите кои претставија dual sim мод, први сме кои лансираа LTE телефон во Кина и имавме многу други успешни проекти кои сакавме да ги покажеме на светот. Coolpad произведува многу квалитетни уреди и веруваме дека иновациите се клуч на успехот. Навистина веруваме дека нашите телефони ги прават вашите животи кул, заради спомените и содржината зачувана на нив. Планираме да бидеме кул и присутни долги години. Coolpad донесува иновативен дизајн, одличен квалитет и пристапни цени“ – изјави, во тек на својот говор, Denny Qiu, директор на европски операции во компанијата Coolpad.

Christoph Lichtenberg, директор за Германија и Швајцарија во Coolpad, претстави два нови модела што ќе бидат продавани на сите европски пазари, Coolpad Porto S и Torino S. Земајќи ги предвид глобалните истражувања за однесувањето на потрошувачите, изгледот на паметниот телефон е клучен во продажбата. Првиот впечаток е важен! Само ако сте импресионирани од дизајнот на телефонот, ќе посакате да дознаете повеќе за производот и да ги погледнете спецификациите. Ако не ви се допаѓа изгледот, се друго е неважно. Овие околности, изглед, допир и впечаток за телефонот се одлучувачки за секој купувач. Затоа работиме на тоа Coolpad да биде кул на прв допир! Ќе претставиме врвни карактеристики како што се Qualcomm процесор, LTE или сензор за допир на прстите, во телефоните од низок или среден ценовен ранк. Coolpad ќе започне со продажба во Германија и Швајцарија следниот месец, а Coolpad Modena, Porto S и Torino S ќе бидат достапни преку нашите партнери”.

white_PortoS

Porto S нуди јасен екран со HD резолуција од 5 инчи (1280×720), со вкупно 294 пиксели по инч. Иновативната Miravision™ технологијата ќе им помогне на корисниците да го подобрат квалитетот на сликата на екранот по желба.

Неверојатно брзиот пренос на податоци обезбедува поддршка за 4G LTE. Покрај тоа, овој телефон има Dual SIM, може да користи две различни SIM картички или една SIM картичка и MicroSD картичка.

Иако ова е само паметен телефон, може да се користи и за гледање на омилените ТВ емисии или беспрекорни видео повици, бидејќи Porto S користи технологија „voice over LTE“ за повици со висока дефиниција. Со само 7,6 mm дебелина, Porto S е на врвот на листата најтенки телефони во својата ценовна категорија, но не дозволувајте изгледот да Ве излаже, затоа што под едноставниот екстериер, се крие моќен четворојадрен процесор Mediatek™. Porto S нуди задна камера од 8 MP со LED блиц и може да снима full HD 1080 видео, кое можете да го пуштите преку паметен телевизор. На предната страна е сместена камера од 2 MP.

Porto S доаѓа со новиот Android™ 5.1 Lollipop систем, кој е редизајниран, побрз, поефикасен и помалку ја оптоварува батеријата. Благодарение на силната батерија од 2000mAh, предвиденото време за разговор изнесува 8 часа, а во „standby“режим 6 ¼ дена, што може да биде уште подолго ако е вклучен модот што штеди батерија. Porto S е телефон со 1+8 GB интерна меморија, а доколку тоа не е доволно, може да биде додадена MicroSD картичка од 64GB. Димензиите на телефонот се 143 x 72 x 7,6 mm, а тежок е само 125 гр. Porto S е достапен во бела и темно сива боја, а препорачаната цена изнесува 129 евра.

Torino_S_01

Torino S. Дизајнерите на Сoolpad биле инспирирани со природата кога го смислувале нееднакво закривениот и пријатен на допир Torino S паметен телефон. Кога е ставен на грбот, потсетува на бели речни каменчиња што сјаат под сонцето. Сличен концепт е пренесен и на предниот екран, каде Coolpad користеше 2.5D заоблено стакло, давајќи му на телефонот целосен и компактен изглед.

Torino S е преубав телефон со екран од 4,7 инчи во HD резолуција (1280 x 720), со 312,5 пиксели по инч и читач за отисоци од прсти на задната страна. Се работи за Dual SIM, LTE телефон со меморија од 2 GB RAM + 16 GB ROM, кои дополнително можат да се прошират со Micro SD картичка. Torino S го движи Qualcomm Snapdragon 410 процесор и Quad Core 1.2GHz. Овој телефон лесно може да се користи со една рака и дава можности на корисникот да активира скен од отисокот од прстите (до 5 прсти) за извршување на различни задачи: отклучување на телефонот, стартување апликации, брзи слики или селфи, снимање на повици и сигурно плаќање. Овој читач на отисоци од прсти е толку брз што му е потребно само 0,5 секунди да го отклучи телефонот и 0,24 секунди да направи фотографија. Сензорот е 99,9 отсто сигурен, дури и кога прстите се мокри, има слој кој е тестиран на 10 милиони допири, така што прстите можат да бидат скенирани во сите правци

Паметниот телефон со дебелина од 7,9 mm поседува IR далечинска контрола и OTG. Задната камера изнесува 8 MP, a предната 5 MP. Torino S доаѓа со новиот Android™ 5.1 Lollipop систем и COOL UI 8.0. Моќта на батеријата изнесува 1800 mAh. Димензиите на телефонот се 139 x 67,8 x 7,9 mm. Овој Coolpad модел ќе биде достапен во бела и шампањ боја, со препорачана малопродажна цена од 199 евра.

Новите производи ќе се појават на пазарот во првата половина од оваа година.

Coolpad производите се дизајнирани и произведени од компанијата Yulong Computer Telecommunication Scientific Co., Ltd. („Yulong Telecommunications”), која е водечки играч во индустријата за безжични комуникации со долга традиција. Yulong игра активна улога уште во самите почетоци на индустријата на паметните телефони во Кина, а денес е водечки снабдувач на интегрирани паметни телефони, системи за бежични комуникации и напредни деловни решенија на истиот пазар. Компанијата е основана во 1993, а од 2014 е регистрирана на Хонг Коншката беза. Како еден од првите производители кои се фокусира на инвестиции во истражување и развој на паметни телефони, блиско соработува со глобалните оператори за да овозможи иновативни, квалитни и единствени решенија. Yulong лансира повеќе од 80 модели годишно, кои ги пласираат на пазарите во Кина, Југоисточна Азија, Северна Америка, Индиа и од неодамна Европа.

Претходна статијаКинезите рушат рекорди – Huawei и оваа година ќе биде производителот со најголем раст на пазарот
Следна статијаТехнолошкиот Парк во Македонија на конференцијата “Доброто управување и ефективна поддршка за паметна специјализација”