blackberry-neo-3

Канадскиот гигант своевремено беше најголемиот и најпопуларен производител на паметни телефони во светот, но iPhone и останатите модели со дисплеи на допир целосно ги променија работите – купувачите веќе немаат вистинска потреба од хардверски тастатури.

Последниот смартфон на Blackberry, DTEK50 е всушност само ребрендиран Alcatel Idol 4 и е првиот телефон кој ќе ја следи новата филозофија на лиценцирање други уреди. Канадскиот производител сега целосно ќе се насочи кон развој на софтвер и сервиси – според нив ова им донело двојно поголем обрт во второто тримесечје на оваа година, поточно најголем обрт во нивната историја.

Ова значи дека сѐ уште ќе гледаме Blackberry телефони, но тие нема да бидат оригинално од Blackberry. Оперативниот систем исто така ќе биде Android, но безбедните сервиси и натаму ќе бидат на Blackberry. Исто така, од производителот планираат и голем влез кај автономните возила преку QNX платформата, нешто што моментално се обидуваат да го направат голем дел од софтверските компании.

Според сето ова, ѝ покрај тоа што стравувавме дека Blackberry може да заврши неславно и целосно да го снема од сцената, тие сепак ќе останат присутни, особено во корпорацискиот свет. Всушност, со префрлањето на развој на софтвер, тие стануваат и профитабилна компанија, што секако е добра вест за нивните хардкор фанови.

Извор: Mashable, Engadget, Forbes

Претходна статијаBitTorrent претстави Altruistic режим кој прикачува дупло повеќе од тоа што симнува
Следна статијаHuawei Mate 9 ќе има 6 инчен дисплеј, двојна 20 MP камера и моќен Kirin 960 чип