apple-adapter

Доколку имате производ на Apple произведен од 2003 до 2015 година, Вашиот полнач можно е да има проблем и да може да ве фати струја кога го користите. Apple препорачува сите корисници да ги контактираат преку Apple Store, каде ќе може да направат порачка на заменски полнач.

Отповикот се однесува на полначи за сите уреди на Apple од 2003 година, па наваму (без новите уреди од 2016, кои го имаат новиот полнач), вклучувајќи ги и MacBook лаптопите и iPhone и iPod преносливите уреди. Проблемот не постои во полначите низ цел свет, но постои токму кај оние што ние го користиме – за струја од 220 волти и стандардниот приклучок за нашите штекери.

Со овој отповик се опфатени: цела Континентална Европа, каде припаѓаме и ние (тука не спаѓа само Велика Британија, бидејќи тие имаат друг тип на приклучок), Аргентина, Бразил, Нов Зеланд и Јужна Кореја. Останатите земји, како САД, Велика Британија, Кина, Јапонија и Канада не се опфатени со овој отповик.

Screen+Shot+2016-01-28+at+10.23.17+AM

Проблемот со полначите е што корисникот може да го фати струја – досега ова се има случено 12 пати во светот, што е доволно за Apple бесплатно да ги замени полначите на сите нивни корисници. Ова а инаку втор отповик на Apple во рок од една година – лани им порачаа на корисниците да престанат да ги користат своите Beats Bluetooth звучници, поради можност од оган. Секако и тогаш на корисниците им беа дадени нови уреди.

Сите што имате каков и да е Apple уред со полнач за нашата електрична мрежа, препорака уште веднаш да направите порачка на нов на Apple Store. Сепак, сеуште нема информации за тоа каде ќе може да се подигнат новите полначи, но претпоставувам дека тоа ќе можете да го направите во сите сертифицирани Apple продавници кај нас, како Duna и iStyle.

Извор: Apple, Engadget, Wired, BBC

Претходна статијаSurfacephone.com домејнот во сопственост на Microsoft
Следна статијаVaio лансира три лаптопи од високата класа, наменети за професионалците