Корисниците одамна се сомневаат дека производителите прават се што можат за да ги мотивираат истите да што почесто ги менуваат своите телефони, односно да го купуваат најновиот модел во понудата.

Тоа до некаде беше потврдено кога се дозна, а потоа и официјално се потврди од страна на Apple, дека iPhone намерно се забавува, односно му се ограничуваат ресурсите кога батеријата е доволно стара.

Идејата зад забавувањето на iPhone e да се овозможи нормално работење на уредот, како и траење на батеријата откако истата ќе почне да губи од својот капацитет. Ограничувањето на ресурсите се прави софтверски.

Директорот на Apple Тим Кук во интервју за ABC News истакна дека тие имаат истакнато за направени промени во софтверот за оваа цел, меѓутоа призна дека тоа можеби можеле да го направат нешто подобро и очигледно за корисниците.

Тој исто така истакна дека во iOS ќе биде додаден дел каде корисниците ќе може да го гледаат „здравјето“ на батеријата, односно дали истата веќе има проблеми поради староста. Во тој дел од прилагодувањата ќе биде додадена можност да се исклучи забавувањето на уредот, иако Тим Кук истакнува дека тоа не им го препорачува на корисниците.

Ова е додатен обид Apple да се „извади“ по излегувањето на информацијата, а претходно овозможи поголем попуст за промена на батеријата кај постарите уреди.

Извор: ABC News, TNW, MacRumors

Претходна статијаNissan развива читач на мисли за управување на возила
Следна статијаSamsung категоричен дека не ги забавува своите уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.