ipad-air-ios

Apple продолжува да покажува одлични финансиски резултати, меѓутоа тоа не значи дека сите производи од компанијата имаат раст на продажбата. Веќе одреден период може да се забележи пад на продажбата на еднаш најпопуларниот таблет компјутер, iPad.

Причини за оваа ситуација има повеќе, меѓутоа една од нив дефинитивно може да се каже дека е фактот што првиот iPad, односно таблетот со големина на екранот од 9,7 инчи, нема добиено нов модел веќе година и пол.

Последниот iPad модел со оваа големина е iPad Air 2 којшто беше претставен во октомври 2014 година, додека минатата беа претставени само нова генерација од iPad mini моделот, како и новиот iPad Pro.

Во март оваа година, кога се очекува Apple да одржи посебен настан, се најавува можноста да биде претставена нова генерација од овој iPad модел. Очекувано, се верува дека таблетот ќе биде наречен iPad Air 3, а во себе ќе вклучува неколку новини кои би требало да им даде причина на корисниците да го надградат својот постар модел или целосно да се префрлат од некој друг уред.

iPad Air 3 се очекува да вклучува заден флеш со што ќе се овозможи подобро сликање во ситуации на послаба осветленост. Исто така, ќе биде додаден дополнителен звучник со што ќе се подобри корисничкото искуство за гледање на филмови или слушање музика, нешто за што ваквите уреди масовно се користат.

Покрај овие нови додатоци, iPad Air 3 треба да доаѓа со најновата верзија од чипот којшто Apple го вградува во своите уреди, односно чипот на којшто работи iPad Pro. Повторно преземено од поголемиот модел, се најавува и можноста да и средниот модел дојде со поддршка за пенкалце.

Инаку, на настанот во март се очекува Apple да претстави помала верзија од iPhone со што повторно ќе влезе во категоријата пред зголемување на димензиите. Тоа сигурно би привлекло одредена категорија на корисници кои никогаш не им стана привлечен трендот на користење се поголеми мобилни телефони.

Извор: Engadget, 9to5Mac

Претходна статијаLG G5 ќе има целосно нов дизајн со слот за додатоци во долниот дел?
Следна статијаSurfacephone.com домејнот во сопственост на Microsoft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.