Една од главните предности на дивелоперите на iOS апликации, во однос на оние на Android, беше што тие заработуваа повеќе на нив. Поточно, повеќе беше веројатно корисник на iPhone да плати за апликација, отколку некој кој користи Android телефон.

Сепак, според App Annie, компанија која врши истражувања, годинава Android за прв пат ќе има заработено повеќе пари од апликации од iOS. Сепак, има едно „ама“ во оваа најава, а тоа е дека тука не се мисли само на апликации од Play Store, туку и на многу други пазари за апликации, претежно во Кина, како оние на Tencent, Baidu, Xiaomi, Huawei итн.

Во бројки, iOS пазарот за апликации и натаму ќе биде прв со 60 милијарди приход, во однос на 42 милијарди на Play Store. Но, според најавите на App Annie, останатите пазари за апликации на Android, кои претежно заработуваат од корисниците во Кина, ќе донесат 36 милијарди долари приход, што е во најмала рака импресивна бројка. Исто така, од App Annie очекуваат приходот од симнати апликации да расте за 20% годишно, до 2021 година, кога треба да стигне до фантастична бројка од 325 милијарди долари.

Од пазарите, најголеми во светот според купување на апликации се САД, Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Обединетото Кралство.

Извор: Android Authority, ZDNet, Tech Crunch

Претходна статијаGalaxy S8 има нова, супер моќна задна камера, иако и натаму има 12 мегапиксели
Следна статијаHuawei го пушта P10 во пред-продажба со подарок – луксузни комплет додатоци