xbox one

Microsoft го претстави својот таканаречен Xbox One Controller + Cable за Windows. Овој гејмерски додаток работи на Windows 7 и Windows 8 и во основа е контролерот од Xbox One конзолата кој што доаѓа со кабел за да можете да го користите на вашиот десктоп компјутер. Овој контролер поради тоа работи и со Xbox One, па може добро да ви се најде како додатен доколку ја имате и конзолата.

Меѓутоа она што од претходно го знаеме е дека и контролерите што доаѓаат заедно со Xbox One исто така може да се користат на Windows бидејќи компанијата во Јуни ги објави драјверите за оперативниот систем. Трикот е што нема никаква разлика помеѓу постоечките Xbox Onе контролери што одат заедно со конзолата. Предноста е што кабелот ќе биде прилично долг, речиси 3 метри, што овозможува доволно простор за играчите да бидат доволно удобни со своето играње.

Контролерот ќе се појави на пазарот во Ноември по цена од 60 долари, но доколку не ви се чека секако постои опција да купите посебен контролер Xbox One кој е за конзолата, еден USB-кабел со должина по ваша желба и да уживате во играњето многу порано.

Се разбира тука се поставува прашањето која е тогаш причината за претставување на посебен контролер наменет спацијално за Windows, кога се работи за истиот, само со кабел. Со оглед на тоа дека цената на контролерите е иста, се сведува на тоа дека нема потреба да купувате нов USB кабел, доколку веќе немате доволно дома од други уреди.

Извор: Microsoft, PC Gamer

Претходна статијаAmazon претстави нова генерација е-читач со одличен екран
Следна статијаПолициски радар на иднината ќе бележи дали возачот пишува порака