NVSH1

NVIDIA SHIELD е моментално најмоќниот мобилен уред наменет за игри. Доаѓа со NVIDIA Tegra 4 процесор кој работи на фреквенција од 1.9GHz, придружен од 2GB RAM и 16GB вградена флеш меморија за складирање на игри и апликации, а има и слот за MicroSD картичка со капацитет до 64GB. За приказ на содржините користи 5-инчен HD екран осетлив на допир со резолуција од 720p. Уредот е со димензии од 158x135x57 милиметри и тежи 579 грама.

SHIELD контролерот е со стандарден дизајн кој вклучува две контролни рачки, D-pad насочниик, четири ABXY копчиња и четири L / R копчиња од задната страна. Во средината се наоѓаат Start, Back, Home и Volume копчињата и едно мулти-функционално NVIDIA копче. Под површината на SHIELD контролерот се сместени сензори кои регистрираат движење со цел да се обезбеди целосна компатибилност и со таков тип на игри.

NVSH2

Во уредот се вградени звучници со подобар бас и подинамичен звук од она што може да се најде кај повеќето мобилни уреди. Додатно, SHIELD има и 3.5 милиметарски приклучок за слушалки и микрофон, а поддржува и осум-канално PCM аудио преку HDMI.

За мрежно поврзување SHIELD користи Wi-Fi и Bluetooth. Батеријата е со капацитет од 28.8 ват-часови и може да обезбеди до 5 часа оптимизиран Tegra 4 гејминг, до 10 часа типичен Android гејминг и до 10 часа PC стриминг. Истата се полни преку micro-USB адаптер.

SHIELD доаѓа со инсталиран Android Jelly Bean оперативен систем со што нуди пристап до илјадници игри и апликации.

NVSH3

Една од главните предности на SHIELD во однос на другите рачни конзоли, покрај помоќниот хардвер, е можноста за стриминг на PC игри преку Steam сервисот. За ова ви е потребен десктоп компјутер со минимум GeForce GTX 650 графичка карта и безжичен рутер.

NVIDIA SHIELD има опција да се поврзе и со телевизор преку HDMI приклучокот, така што ќе може да играте и на вашите ТВ екрани.

Уредот може да се купи по цена од 299$.

Претходна статијаSpike: уред за ласерско мерење и моделирање преку паметните телефони
Следна статијаTRENDnet претстави нов “Travel Router”