amazon-devices

Шпекулации околу претставувањето на играчка конзола која што работи на Android од страна на Amazon првпат се појавија минатото лето. После пауза од неколку месеци, повторно се појавуваат информации кои што тврдат дека Amazon навистина работи на ваква конзола која што треба да биде претставена оваа година.

Според информациите Amazon веќе го презентира концептот, како и демо верзија од конзолата на одредена група на издавачи на игри. Конзолата се верува дека ќе биде со големина на редизајнираната верзија од Sony PlayStation, PS One, сива боја, меѓутоа најверојатно би била редизајнирана за финалната верзија за потрошувачите. Конзолата би работела на Snapdragon процесор od Qualcomm и покрај играњето на игри преку неа ќе може да се гледаат филмови, музика, ТВ содржина. Amazon веќе располага со голема база на корисници кои покрај купувањето и изнајмувањето на производи се претплатени и на нивниот Prime сервис кој нуди побрза достава на производи, стриминг на филмови и тв серии, бесплатни книги и повеќе.

Цената на конзолата треба да биде под 300 долари и се очекува да претставува конкуренција на конзолите од Sony, Microsoft и Nintendo. Оваа конзола од Amazon покажува дека централните медиа уреди стануваат популарни, односно еден уред за играње игри, гледање ТВ, филмови, серии, слушање музика. Веќе се шпекулира за можноста наредната верзија од Apple TV да биде во овој правец, а Xbox One е веќе направена во тој стил.

Поради Android основата на оваа можна конзола на неа ќе може да се играат популарните игри од Android таблет компјутерите, а се очекува да бидат претставени игри специјално за конзолата.

Извор: VG247

Претходна статијаПробиени Yahoo Mail кориснички сметки во хакерски напад
Следна статијаVipe holodeck, игра дизајнирана за тренирање на војници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.