SKH16

SK Hynix, еден од најголемите производители на мемориски модули, најави дека започнува со масовно производство на 16 нано-метарска 64 гигабитна MLC (Multi Level Cell) NAND флеш меморија.

Со овој потег Hynix им се приклучи на Micron и Samsung кои веќе најавија свои мемориски чипови на овој најсовремен производствен процес. За 16 нано-метарскиот процес се очекува да биде последниот каде ќе се користи 2D распоред на мемориските компоненти, пред компаниите да се преориентираат на 3D NAND флеш меморија.

Новиот процес треба да придонесе кон намалување на трошоците за производство и зголемување на капацитетот на SSD уредите. Мемориските модули произведени на овој процес се очекува да имаат 5 годишен животен циклус, земајќи ја во предвид намалената издржливост која доаѓа со зголемената густина.

Претходна статијаКако да инсталирате Android 4.4 KitKat на Nexus 4, 7 и 10
Следна статијаSamsung го најави Galaxy Grand 2