Google-ChromeCast-Review

Иако се’ уште не е достапен во Македонија, сигурно на повеќето од вас ви е познат овој мал, но корисен уред од Google. Исто така можете да го нарачате преку eBay или некоја од другите онлајн продавници. Она што можете да го правите со Google Chromecast е многу едноставно. Го приклучувате во HDMI и USB портата од вашиот телевизор и можете да ја прикажувате безжично содржината на било која од поддржаните апликации на вашиот мобилен телефон или таблет компјутер. Бројот на апликации моментално е мал, посебно доколку го користите уредот во Македонија, но со овозможувањето на SDK алатката, таа бројка се очекува значително да се зголеми.

Меѓутоа додека се чека што повеќе апликации да добијат поддршка за Chromecast, Google на нивната I/O конференција најави дека уредот ќе добие поддршка за screen mirroring, односно можност за прикажување на она што моментално го гледате на екранот од вашиот мобилен или таблет компјутер. Тоа значи дека не мора да се чека некоја од апликациите да добие поддршка, сега можете да го вклучите екранот на телевизорот и да ја вклучите саканата апликација. На демото за време на презентацијата беше прикажана работа со Google Earth и камерата на уредот.

Покрај додавање на оваа можност, Chromecast ќе може да прикажува слика од уреди кои што не се поврзани на локалната Wi-Fi мрежа, како што тоа е сега случајот. Уредите мора да бидат на истата Wi-Fi мрежа поради заштита, односно фактот дека уредот што се поврзува на Chromecast е поврзан на мрежата, односно ја знае лозинката, се смета дека има право да го користи уредот. Со новата верзија од софтверот, Chromecast ќе треба да ги автентицира уредите кои што се наоѓаат во негова близина, па да ја прикажува сликата од нив, а доколку тоа не може да го направи, ќе биде прикажан пин код на телевизорот кој што ќе треба да се внесе и на уредот за да започне прикажувањето на сликата.

Новата верзија од Chromecast ќе вклучува и уште една новина која што ќе ви овозможи да ги избирате сликите кои што се прикажуваат на телевизорот додека ни еден уред не е поврзан. Сликите кои што се прикажуваат може да бидат од вашиот Google+ албум, а доколку не го користите или не сакате сликите да бидат од таму, ќе можете да изберете категорија од каталогот на слики на Google кои што ќе можете да ги изберете и по локација.

Извор: Engadget, PCWorld

Претходна статијаТри Android Wear паметни часовници претставени на Google I/O
Следна статијаДадете им нов изглед на иконите на вашиот Android телефон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.