Screenshot_1

Навикнати сме да гледаме многу нови напредни уреди, но дрон што полетува од рака и ве фотографира за селфи е нешто навистина како излезено од sci-fi филм.

Оваа летечка алка наречена The Nixie оди чекор подалеку од се’ што сме навикнати овој период да гледаме како паметни уреди, од паметни часовници, паметни спортски алки, па се до паметна бебешка опрема.

За сите оние што патат за добро селфи, а не можат да го направат во некој совршен момент тогаш оваа летечка алка е решението. Иако се уште во концептуална фаза, проектот на Кристоф Кохштал, Јелена Јовановиќ и Михаел Ниедермајр ги воодушеви дури и пребирливите судии на натпреварот на Intel наречен “Make it Wearable”.

Screenshot_2

Ова фасцинантно мало дронче полетува со движење на раката се оддалечува доволно далеку за да ве фотографира и потоа левитира околу вас за да може да го фатите и ставите пак назад на рака. Концептот е навистина интересен и може да развие една сосема нова забавна гранка кога се зборува за уреди што се носат.

Тимот засега не планира да го стави на Kickstarter бидејќи е се уште во рана фаза, меѓутоа тие добија 50 илјади долари од Intel, кaко и техничка поддршка од компанијата која ќе им помогне да го направат овој проект во нешто поголемо.

Извор: UberGizmo

Претходна статијаGoPro претстави три нови камери наменети за авантуристите
Следна статијаГласните реклами ќе бидат ловени со компјутерски алгоритми